ЗА НАС

ЕНЕРГИЈА ОД ПРИРОДАТА ЗА ЗАТОПЛУВАЊЕ, ЛАДЕЊЕ, ВЕНТИЛАЦИЈА И ТОПЛА ВОДА ВО ВАШИОТ ДОМ

Нашите решенија овозможуваат креирање на удобен и економичен простор

КЛИМА ОПТИМА ДООЕЛ – СКОПЈЕ

СЕМЕЈНА КОМПАНИЈА ПОСВЕТЕНА НА КЛИЕНТИТЕ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

КЛИМА ОПТИМА Дооел Скопје е домашна компанија за проектирање и изведба на енергетско-ефикасни HVAC системи. Нашата експертиза се темели на над дводецениско искуство во обезбедување на ефикасни и економични решенија за климатизација на резиденцијални, административни и индустриски објекти од најразлична големина и намена.
Решенијата се базираат на комбинирање на обновливи извори на енергија со најнова, паметна технологија. На овој начин, овозможуваме максимална заштеда на енергија и се грижиме за животната средина, со што придонесуваме за поодржлива иднина за Вас, Вашето семејство, и/или компанија.

Нашата понуда опфаќа широка палета на светски препознатливи и реномирани брендови за греење, ладење, вентилација и производство на соларна енергија. Во понудата, значајно место заземаат топлинските пумпи и останати производи на NIBE-Шведска, кои се светски лидер во производство на енергетско-ефикасни топлински пумпи, во моментот единствени во земјата со енергетска ефикасност А+++. За набавка и инсталација на нашите топлински пумпи, имате право да аплицирате за Субвенции за енергетска ефикасност и обновливи извори.

КЛИМА ОПТИМА Дооел Скопје е официјален партнер и единствен дистрибутер на NIBE-Шведска на домашниот пазар. За повеќе информации, посетете го нашиот NIBE вебсајт https://www.nibe.eu/mk/mk.

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

ПОСВЕТЕНО И СТРУЧНО

Работиме на објекти за индивидуално живеење, колективно живеење и индустриски објекти. Во продолжение може да погледнете дел од нашите завршени проекти.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ПАМЕТЕН ДОМ

Уредите, конектирани со интелигентни сензори, Ви даваат преглед и контрола врз она што се случува во вашиот дом, дури и кога сте излезени. Секако, одлично …
Повеќе…

Бесплатна консултација

Направете брз повик на нашиот телефонски број

ул. Даме Груев бр. 5,

1000 Скопје

info@klimaoptima.com.mk

gligor.ruzin@klimaoptima.com.mk

+389 (0)71 248 270

+389 (0)2 6147004

09:00-18:00 (Пон. – Пет.)

10:00-16:00 (Сабота)